Горди сме што соработуваме со најголемите брендови и ПР агенции во Македонија

На почеток...

Приказната започна во 2008 година, без пари но со голема идеја, со малку изнајмена опрема и адаптиран работен простор. Идејата беше јасна: Сите Ваши медиумски објави на едно место. Од сите медиуми, во реално време.


 

Постанувајќи лидер...


Следејќи го во чекор технолошкиот развој на медиумите и појавата на новите медиуми успеавме да станеме препознатлив лидер на полето на медиа мониторингот во Македонија. Првиот чекор во нашиот развој беше трансформацијата на традиционалната прес клипинг во модерна, интелигентна медиа мониторинг услуга. Најголемиот раст го доживеавме со инвестирањето во наш, in-house, ИТ сектор, во 2014 година, со што успеавме континуирано да иновираме во медиа мониторингот а и да нудиме засебни софтверски услуги.

 

Моќта е во луѓето

Ние сме компанија каде паметни луѓе користат паметна технологија. Нашите вработени имаат над 10 години искуство во достава на информации, алерти, совети...Ние сметаме дека разликата ја прави човечкиот фактор.

Луѓето се тие кои додаваат додадена вредност на услугата креирана од технологијата.

 

Континуирано прилагодување

Од самото формирање СЕТТЕ константно вршеше адаптирање на опфатот на медиуми држејќи чекор со големите медиумски промени и како последица на тоа нашиот медиа панел константно се прошируваше. Нашата услуга а со тоа и корисничкиот интерфејс константно се адаптираше од страна на нашиот програмерски тим.

Посветени на клиентите


Горди сме што можеме да се пофалиме дека работиме со најголемите компании во Македонија, владини и невладини институции, мали бизниси, академски институции и останати организации.

 
 
 
BUY NOW