Додадете вредност на Вашите содржини


Ние сме Вашиот EPG провајдер.

СЕТТЕ нуди комплетни и сеопфатни податочни решенија за ТВ канали и ТВ платформи. Ние нудиме сеопфатни, содржински збогатени и најнови ЕПГ податоци.

 

Глобална покриеност,
локални експерти

СЕТТЕ прибира, креира и менаџира со ЕПГ податоци, врши нивно содржиноско збогатувањеи дистрибуција до ТВ Провајдери. Од 2010 година ги креираме најдобрите „Програмски водичи“ за гледачите во Македонија. Во моментот со ЕПГ услуга опслужуваме 2 големи ТВ провајдери во Македонија како неколку надворешни провајдери. Поседуваме ЕПГ податоци за скоро секој ТВ канал од Балканот како и голем број останати Европски ТВ канали. Континуирано ја зголемуваме листата на канали.

 

Прибирање на ЕПГ податоци


IНашите едитори константно работат со ТВ провајдерите во прибирање на ТВ распореди, кои се добиваат во најразлични формати. Истите се обработуваат и се внесуваат во нашата платформа, со исправени грешки и подобрени податоци.

Нашата ЕПГ услуга се одликува со најголема точност кога се во прашање речиси сите Балкански ТВ канали. Со константна комуникација со ТВ провајдерите, преку пристап до сите нивни официјални податочни платформи, преку нивни API поврзувања и останати достави на податоци успеваме да овозможиме измени на содржините речиси во реално време. Нашата платформа 24/7 обработува гигабајте податоци од стотици извори.

Збогатени ЕПГ податоци


Обезбедуваме сеопфатни податоци целосно обработени и содржински збогатени од страна на нашите едитори. Ние додаваме дополнителни податоци како наслов и број на епизода, жанр, актери, режисер, година на производство, премиера, означуваме несоодветна содржина со што на гледачите и овозможуваме збогатено ТВ искуство.

ТВ платформите стануваат паметни и нудат напредни фукнционалности како препорака на содржина, содржина според актер, PPV функционалности и многу други. Сите овие функционалности се директно зависни од ЕПГ податоци. СЕТТЕ целосно е во тек со технолошкиот развој на ТВ платформите и нуди целосно компатибилни ЕПГ податоци.

 

Графички елементи

Постери за секоја содржина


Сликите се исто така важен сегмент кои ги збогатуваат ЕПГ податоците. Секоја слика е со вискок квалитет и целосно компатибилни со содржината. Се обидуваме да има графичко надополнување за секоја содржина па тука посебно ги истакнуваме постерите кои се креирани од нашите едитори за содржини за кои не постои графичка поддршка, особено за содржините од Македпснки и Балкански ТВ канали.

Функционалности овозможени од ЕПГ-податоци


Покрај обезбедувањето на содржински ЕПГ податоци ние креираме и податоци со кои се овозможува некоја функционалност во ТВ платформите. Како што е овозможување на уникатно ID кое овозможува снимање на соодветна серија, рестрикција на достапност на содржините со креирање на параметар за забрана, Pay-Per-View функционалност, автоматско апдејтување во реално време и многу други.

Фактот што целиот наш систем е изработен in-house ни овозможува лесно прилагодување и развивање.

Можеме да ги прилагодиме ЕПГ податоците целосно да одговараат на Вашите бизнис потреби и на Вашиот препознатлив бренд,

со прилагодена достава на податоците во специфична временска зона и други потребни карактеристики.

Обезбедуваме поддршка за сите наши клиенти преку нашиот портал за поддршка и развој.


 
 
BUY NOW